-->
-->
ЛЕ: Лукаку го однесе Интер во полуфиналето
-->
Фудбалерите на милански Интер први го „визираа“ полуфиналето во Лигата на Европа на УЕФА. Предмалку пулените на Антонио Конте го совладаа во Германија, на стадионот во Диселдорф тимот на Баер Леверкузен со 2-1.
Трите гола беа постигнати во првото полувреме.
На првиот гол за водство на гостинот од Италија се чекаше до 15 минута. Убав гол од дваесетина метри постигна Барела откако претходно, во текот на акцијата Лукаку одлично се загради и биеше, но беше изблокиран.
Токму Белгиецот во 21 минута на ист начин, со одлична игра без топка стигна до погодок, за 2-0.
Сепак, кога се очекуваше фудбалерите на Баер психолошки да паднат, тука беше Каи Хаверц кој погоди за 2-1 во 24 минута.
Оттогаш до крајот на мечот иако Баер ја имаше иницијативата, сепак Интер беше тимот кој имаше повеќе закани кон противничкиот гол. Во 90 минута судијата покажа на белата точка за „сино-црните“, но по ВАР асистенција пеналот беше поништен (слична можност за зголемување на водството на Интер му беше ускратена и во првиот дел) и остана актуелниот резултат.
Во полуфиналниот меч, противник на екипата од Милано ќе биде подобриот од дуелот Базел – Шахтјор Доњецк што се игра од 21 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата