Свет
10. May 2017 - 9:14

Ле Дриан: Франција ќе продолжи со исполнување на ангажманите во борбата против ИД во Ирак и Сирија

Франција ќе продолжи со исполнувањето на ангажманите во борбата против Исламската држава во Ирак и Сирија и при управувањето на новиот претседател на земјата Емануел Макрон, изјави на средбата на меѓународната коалиција против ИД во Копенхаген францускиот министер за одбрана на Жан-Ив Ле Дриан. 

Откако беше соопштено за победата на Макрон, тој увери дека Франција ќе остане водечка сила во борбата против тероризмот - на својата територија, како и во меѓународните дејствија. 

Околу 4.000 француски војници во Сахел и 1.200 во Блискиот Исток учествуваат во борбата против ИД.