Лазороска - таму каде што припаѓам, таму каде што пораснав
Безгрижното детство, чувството на слобода и моментите кога човекот станува дел од неа е изразено во првата фото-монографијата „Лазороска“, плод на острото око и искусните прсти на фотографот на Канон генерацијата во земјава, Игор Цветковски.
Инспирирана од песната „Лазороска“ на авторот Јован Ламбески, фото-монографијата на Цветковски го документира чувство на слобода и моментите кога човекот станува дел од неа.
“Низ 100 страни и 64 пејсажни фотографии од Лазарополе од сите годишни времиња, ја изразив потребата на секое човечко битие да и се восхитува на природата во даден момент од својот живот. Овој начин на самоизразување го прикажува мојот восхит од природните убавини на Лазарополе во текот на зимскиот период, кога селото е сосема празно, прилика кој ретко кој имал можност да ја искуси. Фото-монографијата е оживување на душата на природата преку фотографии во боја направени во периодот на Ковид пандемијата во Лазарополе.” – вели Игор Цветковски, автор на првата фото-монографија „Лазороска“.
Монографијата започнува и завршува со зима, фото сведоштва од две пандемиски години поминати во Лазарополе. Дело, низ кое може да се види тишината и чуе звукот на природата низ заживеаната песна „Лазороска“ на млалдиот композитор Мартин Данчев, во дип хаус преработка.
Промоцијата на фото-монографијата и изложбата ќе бидат во Мала Станица на 6 април 2023 година, со почеток од 19:30 часот.
Ново на Сител
-

Ердоган повикува на завршување на војната во Иран пред да биде зафатен целиот регион
-

САД ги предупредија цивилите да ги избегнуваат пристаништата што ги користат иранските сили
-

Трамп изјавил за Аксиос дека војната ќе заврши „наскоро“
-

Мицкоски: Со претставниците на маркетите заклучивме дека треба да има фер цени на производите, не и ново зголемување
-

Намален бројот на работници во индустријата
-

Раст од 6,2 проценти на бројот на туристи во јануари
-

Десет пожари за десет дена во Крива Паланка
-

Проблемот со транспортерите најверојатно ќе се реши преку издавање годишни визи со повеќекратен влез и излез од Шенген зоната
