Македонија
30. November 2021 - 21:18

Лажна дојава за подметната бомба - евакуирани МНТ, МОБ и други институции - полицијата трага по лицето кое пријавило

Лажна пријава за бомба ја крена полицијата на нозе. Повеќе часа беше блокиран центарот на Скопје, односно сите правци кои водат кон МНТ, Опера и балет, Филхармонија и Средното музичко училиште. Причината која ги вознемири граѓаните и поради која се моболизираше полицијата е пријава за бомба, откако анонимно лице се јавило попладнево во билетарала на МНТ и пријавило напад. Раководството од четирите установи за Сител потврди дека ги евакуирале сите граѓани кои во моментот се наоѓале внатре.Поради овие случувања, театарот остана заклучен, а оние кои дојдоа да гледат претстава се чудеа што се случува.

По извршените проверки од МВР утврдиле дека станува збор за лажна дојава.

- МВР ги направи потребните проверки и утврдено е дека пријавата за напад е лажна. Се преземаат мерки за утврдување на пријавата и преземање на соодветни мерки и санкции против личноста која лажно пријавила. Им благодариме на граѓаните за трпението, и на медиумите за професионалниот однос кон ситуацијата, информираат од МВР.

Инаку полициски извори посочуваат дека засиленото полициско обезбедување околу моловите во Скопје не е поврзано со лажната дојава за бомба, туку поради крвавиот напад што се случи во Косово, а напаѓачот се уште не е пронајден.