-->
-->
Лажна девојка го прогонувала и мачела на Фејсбук, а потоа му рекла да се убие - Го нашле мртов!
-->

Телото на осумнаесетгодишниот Мичел Боуви, кој извршил самоубиство затоа што така му кажала некоја „девојка“ од Фејсбук, го пронашол неговиот брат на 31. јули.
Откако раскинал со „лажната“ девојка од Фејсбук, тинејџерот се самоубил затоа што таа така му кажала. Неговото семејство вли дека таа негова девојка всушност е лажно лице, со лажен профил, а овој феномен на интернет се нарекува сом.
На рочиштето за случајот истакнато е дека Мичел почнал да се гледа со девојка од Ливерпул, а се запознале на Фејсбук. Најблиските изјавиле дека не веруваат дека Мичел и таа девојка воопшто се сретнале. Таа секогаш имала изговор да не се видат, па дури и му се заканувала дека познава луѓе од Манчестер кои би можеле да го прободат.
- Го прогонуваше Мичел и целосно „му влезе во глава“. Таа му кажала да се убие, - изјавила неговата сестра Шинид.
Џеј, братот на Мичел, изјавил дека девојката секогаш имала изговор за да не се видат, но и покрај тоа постојано го барала.
- Кога заврши со неа, таа почна да го мачи, - додал Џеј.

Откако слушнала за заканите кон семејството на Мичел, инспекторката ги прашала дали се исплашиле, а одговорот бил да.
Истрагата покажала дека, подоцна Мичел стапил во контакт со друга девојка, која всушност бил роднина со првата.
Вечерта пред да биде пронајдено неговото тело, Мичел на девојакта и испратил фотографија на која бил подготвен да си го одземе животот. Таа веднаш ја пратила фотографијата на неговото семејство.
- Очигледно девојката не ја сфатила заканата сериозно, бидејќи фотографијата ја пратила на семејството ,а не во полиција, - изјавила инспекторката Бејли.
Неговата сестра Шинид, изјавила дека полицијата воопшто и не спровела сериозна истрага за тоа која е таа девојка од Фејсбук.
- Не кажуваат која е, ниту од каде е. Верувам дека таа негова „девојка“ и нејзината роднина е една иста личност. неговата девојка не е вистинска личност и затоа полицијата не ја пронајде, - изјавила сестрата на Мичел.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-
31-годишник од Берово пријавил дека бил физички нападнат од едно лице во општина Аеродром во Скопје
-
75-годишен скопјанец пријавил дека неговите три внуки се оддалечиле од семејниот дом
-
Со трактор насилно влегол во шумски склад и оштетил возило, уапсен 43-годишник од струмичко
-
Јанев: ГП Дојран со зголемени капацитети за побрз, поефикасен и побезбеден проток на патници и возила
-
Приведен 49-годишник на ГП Долно Блаце, управувал со автомобил „ауди“ кое било барано од Интерпол
-
Малолетник нападнат од две лица во градски автобус на подрачјето на Бит Пазар во Скопје
-
Сиљановска-Давкова се сретна со победниците на „First Lego League Challenge”
-
МВР: Одземени возила користени во „диви“ трки во Куманово