Лажен аларм за терористички напад во германско училиште
Лажен аларм за терористички напад денеска беше прогласен во училиште во градот Менден, во близина на Дортмунд, во германската покраина Северна Рајна Вестфалија, поради што во училишната зграда беа испратени припадници на специјални полициски сили, јави дописникот на МИА од Берлин.
Полицијата добила дојава дека вооружен маж бил виден во училиштето, по што на учениците и наставниците им било наредено да се заклучат во училниците се до завршување на полициската проверка.
Во операцијата покрај специјални полициски екипи, учествувале и хеликоптери, кои ја проверувале околината на училиштето „Хохе Беруфколеџ“.
При преземените мерки за проверка нема повредени лица, објавија локалните власти.
Во еден од низата инциденти во училишта кои во последниве десетинна години се сличија во Германија, во 2009 година во градот Виненден 17-годишен ученик застрела 15 лица. По неколкуте терористички напади извршени од членови и симпатизери на организцијата Исламска држава (ИД) и други радикални групи, во Германија во сила се уште се највисоки можни мерки за безбедност.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи