Македонија
15. September 2015 - 15:25

Лазаров: Жерновски ја легализира најголемата дивоградба во Градскиот парк

Томислав Лазаров, координатор на советничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар  денеска го обвини градоначалникот Андреј Жерновски за поддржување на урбаната мафија во Скопје, истакнувајќи дека ја легализирал  најголемата дивоградба во Градскиот парк“.

Во прилог на тврдењето презентира решение со кое, како што рече,е легализирана дивоградбата. 

Андреј Жерновски, рече Лазаров, сакаше да го уништи пазарчето Буњаковец со цел да оствари бизнис интереси на негов пријател и да се изгради бензиска пумпа. - Овој план по жестока реакција на граѓаните беше повлечен, наведе Лазаров. 

Според него, Жерновски во недостиг на работа и проекти креира проблеми, а потоа обвинува други. 

- Тој сега самиот крева магла за урбанистичкиот план кој го изработил и го предложил на разгледување на јавна анктеа. Неговата намера не е да реши проблеми туку да ги создаде. Тој го критикува Министерството за транспорт и врски, а од таму велат дека се што Жерновски ќе предложи и е во рамки на законот ќе биде прифатено, рече Лазаров.