Лазаров: Сакаме да одиме во втората рунда, сите го сакаат тоа

Македонската ракометна репрезентација ги стартуваше првите активности на Европското првенство и дел од ракометарите и стручниот штаб ги минаа првите активности поврзани со новинарите известувачи.
Секако во центарот на вниманието беше селекторот на македонскиот национален тим Кирил Лазаров.
– Го играме првиот натпревар против најдобриот тим на светот во последните десет години – Данска. Тие се домаќини и ќе биде тешко против нив, но ние немаме што да загубиме и мора да уживаме во натпреварот, изјави Лазаров.
За другите два ривала во групата Португалија и Романија селекторот истакна:
– Во Хернинг секој има свои амбиции и секој ќе сака да победи. Еден од ривалите ни е Португалија, која на последното Светско првенство играше полуфинале, а сега имаше и добри настапи на турнирот на кој се подготвуваше. Истото важи и за Романија, тим со голема традиција, можеби во последно време не се на високо ниво, но тие сè се подобри. Сакаме да одиме во втората рунда. Сите го сакаат тоа. Мора да уживаме. Мислам дека сме подготвени за овој турнир и едвај чекаме да почне првенството, за да видиме каде сме сега со квалитет и добро искуство.
Македонската репрезентација првиот натпревар го игра на 16.јануари (петок) со почеток во 20:30 часот.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
