Loading Video...
Ракомет
10. January 2023 - 17:52
Лазаров патниците за СП ќе ги одреди утре ден пред тргнувањето за Краков
Македонската машка ракометна репрезентација ги одработува последните подготовки за новиот настап на Светското првенство.
Селекторот Лазаров конечниот список на патници за Мундијалот ќе ги одреди утре, ден пред тргнувањето за Краков.
Со голем мотив и верба во своите избраници, Кирил Лазаров со нетрпение го очекува новото појавивање на Мундијалот, овојпат во улогата на селектор на ракометната репрезентација на Македонија.
Целта е јасна, пласман во втората фаза, но и јасно е дека нема да биде лесно да се оствари тоа бидејќи протов себе имаме тешки противници.
„Ние сме во процес на подмладување, меѓутоа покажуваме квалитет и што е најважно имаме свој идентитет, нешто што Македонија ретко кога го имала. Не знам дали тој идентитет ќе носи победи или порази, но сигурен сум дека сме на добар пат. Малку ме загрижува здравствената состојба на Никола Митревски и Филип Талески, тие го одработија првиот тренинг, се во добра состојба, ама ќе бидеме претпазливи. Двајцата не се на 100%, меѓутоа се надевам дека како ќе поминува времето, ќе бидеме комплетни. Не смее да бидеме еуфорични кога ќе победиме, не смееме да тагуваме кога ќе загубиме. Имаме една нова Македонија“, истакна селекторот Лазаров.
Конечниот список на патници на СП, селекторот ќе го објави по утрешниот тренинг. Македонската ракометна експедиција во четврток наутро, со чартер лет патува за Краков, а првиот свој настап на Мундијалот ќе го има во петок против топ фаворитот во групата Норвешка, по што во недела и вторник ќе игра против Холандија и Аргентина.
Потсетување, дека само последно пласираната репрезентација нема да продолжи во втората, главна рунда, по групи.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->