-->
-->
Лазаров и Ѓорческа спортисти на Македонија за 2016 година
-->
Капитенот на македонската ракометна репрезентација и член на Барселона, Кирил Лазаров по трет пат во неговата кариера го доби признанието спортист на Македонија кое традиционално се доделува на крајот на календарската година. Во женска категорија победничка е најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа.
Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортски федерации вечерва на свечена церемонија во Македонскиот народен театар во Скопје доделија награди во девет категории, плус три наменети за основните, средните и високите школи.
Носители на признанието спортист на Македонија за 2016 година и добитници на статуетка, по категории се:
Најдобар спортист: Кирил Лазаров (ракомет);
Најдобра спортистка: Лина Ѓорческа (тенис);
Најдобра национална спортска федерација: Карате федерација на Македонија;
Најдобар тренер: Благоја Милевски (селектор на македонската фудбалската репрезентација до 21 година);
Најдобар машки национален тим: Фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година;
Најдобар женски национален тим: Македонска ракометна репрезентација;
Најдобар спортист на лице со инвалидитет: Оливера Наковска – Бикова (стрелаштво);
Најдобар млад спортист: Филип Талевски (ракомет);
Најдобра млада спортистка: Моника Пендаровска (карате);
Најдобар колектив во универзитетски спорт: Женски карате тим во борби – Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје
Најдобар училишен спортски клуб од средно образование: СУ „Гоце Делчев“ – Куманово
Најдобар училишен спортски клуб од основно образование: ОУ „Гоце Делчев“ – Илинден.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вучиќ се приклучи на Движењето за народот и државата и ги повика и граѓаните да го сторат тоа
-
Приведен малолетник кој уценувал маж во Битола
-
АХВ со стручни обуки за царинските службеници за контрола на лиценциран багаж и миленици
-
Рубио: Се надевам на скоро дипломатско решение за завршување на војната во Украина
-
Хајди Клум, со својот фустан, ги прекрши правилата на Филмскиот фестивал во Кан
-
Појавата на проширени вени можно поврзана со развој на деменција
-
Реткиот „Медитеранско син“ дијамант од 10,03 карати продаден за 19,2 милиони евра
-
Австриската министерка за надворешни работи Мајнл-Рајсингер утре во Скопје