Лазаров го објави списокот на ракометари за собирот пред средбите со Фарски Острови
Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров денес го објави списокот на повикани ракометари за собир за претстојниот бараж натпревар против репрезентацијата на Фарски Острови за пласман на Светското првенство 2025.
На списокот на Лазаров се наоѓаат 20 играчи:
Голмани: Никола Митревски, Мартин Томовски и Марко Кизиќ
Леви крила: Цветан Кузмановски и Петар Атанасијевиќ.
Десно крила: Никола Костески.
Десни бекови: Томислав Јагуриновски, Мартин Велковски и Мартин Серафимов.
Средни бекови: Марко Митев, Дамјан Митев и Иван Џонов.
Леви Бекови: Филип Талески и Филип Кузмановски
Пивоти: Жарко Пешевски, Милан Лазаревски, Марко Стојковиќ и Валентин Карасманакис.
Дефанзивци: Никола Марковски и Михаил Аларов.
Првиот натпревар од баражот ќе се игра на 8 мај на Фарски Острови, реваншот е закажан за 12 мај во во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Мундијалот ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка во период од 14 јануари до 2 февруари 2025 година.
Ново на Сител
-
Затвореник почина во Идризово
-
Вардар, Шкендија, Струга и Брера се пласираа во полуфиналето на Купот на Македонија
-
55-годишен маж паднал од објект во изградба и подоцна починал
-
Кривична за две лица од Кичево за „бесправно градење“ и „симнување и оштетување на службен печат или знак“
-
ЈП „Водовод“ Куманово пријави вработена за проневера на пари
-
Мачките благотворни за човековото здравје
-
Милорад Додик осуден на една година затвор
-
ДКСК: 86 казни за актуелни и поранешни министри, пратеници и именувани лица