-->
-->
Лазаров: Дадовме максимум и боли тоа што немавме равноправно судење
-->
Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров изрази задоволство од прикажаната игра и покрај поразот од Шпанија (25:29) вечерва во Мец во 4.коло на Мундијалот во Франција.
- Како мала земја, и како репрезентација од втор ред, втор ешалон која рамноправно се носи со големите европски селекции дадовме отпор и не калкулиравме. Господ ќе не награди и сигурно ќе не посреќи кога најмногу ќе ни треба. Имаше многу шпекулации дали да калкулираме и дали да се чуваме. Нема чување. Дадовме максимум и боли тоа што немавме рамноправно судење. Ме иритира што четврти натпревар судењето е лошо. Но, што е тоа е. Иако како Македонија значиме многу во ЕХФ, го немаме тој третман, барем на ова СП. Честитки до соиграчите и стручниот штаб, како и на „Фалангата“. Натпреварот ни даде верба дека можеме да играме со Исланд, рече Лазаров кој дуелот го заврши со шест погодоци.
Македонија утре против Исланд (почеток 17:45 часот) го игра последниот дуел од групната фаза во обид да остане непоразена и да ја избегне Франција во осминафиналето
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нова промена на цените на горивата од полноќ
-
20-годишен скопјанец прегази пешак во скопско Марино
-
Приведен криумчар на мигранти, пронајдени 11 лица од Сирија
-
СДСМ бара одговорност за починатото бебе на детска клиника
-
Таравари: На терен се инспектори и членови на Комисијата за да се испитаат сите факти околу смртта на 14 месечното дете
-
Александар Димков, менаџер на Конти: Јасен беше ризикот, некои добија, некои изгубија
-
До крајот на денов сончево со мала до умерена локална облачност, среда и петок дожд
-
Изгоре товарно возило кај Струмица