Свет
8. May 2023 - 11:31

Пукање во ноќен клуб во Мајами, едно лице загина

Едно лице загина, а две се повредени во пукање во ноќен клуб во Мајами Бич, јави Си-Би-Ес.

Убиениот прво бил пренесен на интензивна нега во болницата Џексон Меморијал, каде подоцна им подлегнал на повредите, се наведува во полициското соопштение.

Во болница се пренесени и две повредени жени. Полицијата не го соопшти идентитетот на жртвите.

Истрагата е во тек.