Лазаревска: Го сочувавме престижниот статус на Охридскиот регион, останува на листата на УНЕСКО
Го сочувавме престижниот статус на нашиот бисер, Охридското езеро.
Охридското езеро, охридскиот регион остануваат на листата на УНЕСКО на светско културно и природно наследство, со исклучителна универзална вредност.
Одлуката на Комитетот за Светско наследство на УНЕСКО, на 45-тата сесија во Ријад, е важна затоа што ги уважува сите нашите напори, за зачувување на овој престижен статус. СДСМ, преку институциите коишто ги предводи покажа одговорност и сите преземени чекори и постапки сега се препознаени и соодветно валоризирани.
Ова е признание за преземените конкретни мерки, за напредокот за зачувување на вредностите на Охридскиот регион.
Но, исто така ова е силно и гласно предупредување дека сите мораме постојано да го штитиме охридското, македонското и светското наследство. Престижниот статус останува, но остануваат и препораките за негово зачувување.
Препораките не се лесни и нивното реализирање бара целосно внимание, одговорност и акција од сите кои споделуваат одговорност.
За успех неопходно е секој да го понесе својот дел од обврските – покрај централната власт и локалната самоуправа.
Впрочем, обврските се точно адресирани.
Сите имаат одговорност и мора да се има предвид фактот дека непостапување по препораките може да биде причина за впишување на Охридскиот Регион на листата на Светско наследство во опасност.
Тоа не смееме да го дозволиме.
СДСМ преку владата и институциите што ги предводи останува целосно посветена на заштита на Охридскиот регион, заштита на македонското и светско наследство.
Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Од наредната година целосно автоматизирано пријавување на новороденче
-
Кога групацијата навистина се грижи: Бесплатни прегледи за сите жени во тимот
-
Орбан: Зеленски ја користи својата вообичаена тактика на морална уцена, но унгарскиот народ одлучи
-
Црвен метео аларм во Бугарија и Романија
-
Приведени двајца криумчари од Скопје, пронајден илегален мигрант од Турција
-
МЕП: Државата од денеска и официјално дел од СЕПА, полесни и побрзи плаќања во евра
-
Приведени две италијански државјанки на ГП Табановце, кај нив е пронајдена дрога
-
На 10 октомври истекува рокот за пријавување болни и немоќни лица до ОИК за гласање на локалните избори