Лавров: Зеленски не ја разбира сериозноста на ситуацијата
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „не ја разбира сериозноста на моментот“, обвинувајќи го за „негрижа кон сопствениот народ“.
Лавров во интервјуто за белоруските медиуми изјави дека Зеленски само излегува со нови и нови идеи, но оти таа „фонтана од идеи токму го открива недостигот разбирање на Зеленски за сериозноста на ситуацијата и сопствениот народ“.
Според шефот на руската дипломатија, идеите на Зеленски кои не ги прецизираше, го разоткриле „расистичкиот карактер“ на властите во Киев.
Украинскиот претседател постојано ја форсира идејата за формирање меѓународен трибунал, пред кој сите одговорни политичари и воени офицери од Москва ќе одговараат за војната во Украина и за воените злосторства извршени таму.
Истовремено, Лавров упати остар вербален напад кон Западот. Според Лавров, „хистеричната реакција” на специјалната воена операција како што Москва ја нарекува инвазијата врз Украина, само ги потврдила ставовите на Кремљ за „апсолутната неопходност“ од воената интервенција.
-Со акцијата, Москва ги уништи геополитичките игри на Западот, кој сакаше да ја претвори Украина во постојана закана за Русија, ја пренесуваат руските медиуми изјавата на шефот на руската дипломатија.
Ново на Сител
-

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
-

Почина Доли Партон
-

Канада воведува нови царини за американските производи, трговската војна се заканува да ги погоди и Американците
-

Акција за отстранување хаварисани возила во општина Карпош
-

Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
-

ЦУК: Осум активни пожари, еден под контрола, а 14 се изгаснати
-

Федерер не планира враќање на тенисот
-

„ОпенАИ“ откри разгранета мрежа за влијание што ги прикривала руските траги
