Лавров: Тешко може да се премости јазот со Јапонија
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека ќе биде тешко да се премости јазот за мировната спогодба и територијалниот спор со Јапонија.
- Не е лесно да се премости јазот во ставовите меѓу двете земји, рече Лавров на заедничкиот брифинг со јапонскиот министер за надворешни работи Фумио Кишида во Москва.
Две недели пред посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Токио, Лавров изјави дека тој и Кишида и покрај тие потешкотии, изразиле подготвеност за унапредување на соработката меѓу двете земји.
Министерот за надворешни работи на Јапонија укажа на важноста од продолжувањето на разговорите со Москва и додаде дека територијалниот спор би требало да биде решен на начин, кој е прифатлив за двете страни.
Односите меѓу Јапонија и Русија се нарушени поради спорот околу Курилските Острови, кои Советскиот сојуз ги окупира кон крајот на Втората светска војна, поради што двете земји до денеска не потпишаа формална мировна спогодба.
Ново на Сител
-
Бројот на жртвите од поплавите во Валенсија се зголеми на 63
-
Евроамбасадорот Рокас денеска ќе ги предаде копиите од Извештајот за напредокот на Северна Македонија за 2024
-
Конференција: Медиумската писменост во образованието ги оспособува учениците успешно да управуваат со информациите
-
Фатен бегалец од затвор по четири години поминати во бегство
-
Весиќ: Унгарија, Србија, Северна Македонија и Грција на 23 ноември потпишуваат заедничка изјава за изградба на брза пруга
-
Дал пасош со 100 евра, приведено лице од Турција поради давање поткуп
-
Предлог уставни измени во Собранието пред формирање на влада во Бугарија, според премиерот е „наивно“ и „би ги загрозило евроинтеграции на државата“
-
Лазаров повика 20 ракометари за натпреварите со Естонија и со Литванија