Лавров: Русија сака подобри односи со САД, но Бајден е за санкции

Русија сака да ги подобри односите со САД, но тоа не може да го стори се додека Администрацијата на претседателот Барак Обама ги поддржува економските санкции против Москва, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
- Се додека потпретседателот на Обама, Џо Бајден оди по Европа и препорачува продолжување на санкциите против нас, не земајќи го предвид однесувањето на Киев под притисок на Западот, нема да можеме да постигнеме каков било договор, рече Лавров во интервју за италијанскиот весник „Република“.
Лавров нагласи дека комбинираните руски, американски и арапски сили во Сирија се доволни за да ја поразат Исламска држава, но напомена дека не е можно да се формира коалиција доколку не се постигне договор за иднината на сирискиот претседател Башар ал Асад.
- Доколку партнерите во потенцијалната коалиција продолжат да бараат да се одреди датумот на заминувањето на Асад од сцената, ќе одговориме дека тоа е против законот и демократијата, рече Лавров.
Тој изјави дека не знае каде е лидерот на ИД Абу Бакр ал Багдади, но додаде дека има информации оти територистичката организација почнала да се инфилтрира во војската на Либија.
Лавров оцени дека одлуката на Западот да го острани од власт либискиот лидер Моамер Гафдафи била грешка, но напомена дека Русија го поддржува планот на ОН за повторно воспоставување на стабилноста во Либија.
САД и ЕУ воведоа санкции против Русија по анектирањето на Крим од страна на Москва минатата година. Тие исто така ја обвинуваат Москва дека ги поддржува проруските сепаратисти во источна Украина.
Лавров и рускиот претседател Владимир Путин следната недела ќе разговараат за судирите во Украина и Сирија со американскиот државен секретар Џон Кери.
Претходно в петок во Женева е планиран состанок на претставници на Русија, САД и ОН за Сирија и борбата против ИД во таа земја.
Ново на Сител
-

Ангелов: Спречена катастрофа во виничко, запалена трева при сечење со брусилица | ВИДЕО
-

Приведен полицаецот кој наплаќал казни во кеш наместо преку ПОС-терминал и го оштетил Буџетот за 85.500 денари
-

Во заедничка акција на Шпанија и Еквадор запленети 21 тон кокаин
-

Багаи: Иран и Оман постигнаа договор за бродската рута низ Ормуска Теснина
-

Закон за „граѓанска смрт“ во Русија: Москва им замрзнува имот и конзуларни услуги на емигрантите осудени во отсуство
-

ЦУК: До 18 часот регистрирани 14 пожари на отворено, активен е пожарот кај Грешница
-

Утре сончево и многу топло со температура до 39 степени
-

Шекил О'Нил: Леброн ќе се обиде да дојде до 50.000 поени
