Лавров: Русија ќе распореди дополнително оружје како одговор на проширувањето на НАТО
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска во Анталија изјави дека Русија ќе распореди дополнително оружје во новоформираните воени окрузи во Москва и Ленинград како одговор на влезот на Финска и Шведска во НАТО.
– Веќе донесовме организациски одлуки, формирани се Московски воен округ и Ленинградски воен округ. Таму ќе биде распоредено дополнително оружје кое ќе биде адекватно на предизвиците што може да се појават на територијата на Финска и Шведска, нагласи Лавров на прес-конференција.
Според него, со влезот на Финска и Шведска во НАТО пропаднале децениските добрососедски односи на тие земји со Русија.
Лавров, говорејќи за конфликтот во Појасот Газа, истакна дека Израел се уште не ја променил целта целосно да ја „исчисти“ таа палестинска енклава од припадници на Хамас.
Лавров изјави дека Израел пред муслиманскиот празник Рамазан, се подготвува да почне воена операција во градот Рафа, каде се наоѓаат околу две третини од жителите на Појасот Газа, од кои повеќето избегале од борбите во другите делови на енклава.
Лавров посочи дека во случај на израелски напад, голем број Палестинци ќе заминат во Египет, што, како што наведе, во суштина би било „етничко чистење“.
По завршувањето на Дипломатскиот форум во Анталија, Лавров истакна дека идејата на САД и на голем број западни земји „да ја прогласат Палестина за членка на Обединетите нации нема сама по себе да го реши конфликтот на Блискиот Исток“.
Зборувајќи за војната во Украина, Лавров рече дека Русија не ја гледа добрата волја на Западот да постигне мирно решение и додаде дека Москва е посветена на постигнување такво решение.
Лавров нагласи дека Русија не се потпира премногу на помошта на Швајцарија во мировниот процес за Украина, бидејќи таа земја, како што наведе, „одамна ја изгубила својата неутралност“.
Рускиот дипломат потсети на неодамнешната изјава на шефот на Пентагон, Лојд Остин дека, доколку Украина биде поразена, НАТО ќе биде принуден да дејствува против Русија, како и изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за можноста за испраќање европски трупи на украинска територија.
– Овие трендови на Запад, меѓу западното раководство, се разбира, ги поништуваат сите уверувања дека Западот е заинтересиран за некакво политичко решение … Има многу факти дека Западот ја води работата кон воено решение, рече Лавров.
Ново на Сител
-
Индија против Пакистан - Каков е односот на силите?
-
Тема на денот со Оливер Спасовски координатор на пратеничка група СДСМ
-
Млад кочанчанец врзан со селотејп на скопскиот плоштад праша „Толку ли брзо не заборавивте“
-
Васил призна вина, родителите на Фросина бараат максимална казна
-
Крвава вечер во Штип: Убиство во кафуле, обид за бегство низ наплатна рампа
-
Најголема воена парада досега во Москва
-
Јубилеј 80 години од победата над фашизмот
-
Новиот папа Лео 14-ти ја отслужи својата прва миса како водач на Католичката црква