Свет
15. December 2017 - 12:16

Лавров: Обидите за воено сценарио за Северна Кореја водат кон катастрофа

 Обидите да се испровоцира воено сценарио со цел решавање на кризата на Корејскиот полуостров ќе предизвика катастрофа, предупреди денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

- Ситуацијата околу Корејскиот полустров е многу алармантна. Обидите да се испровоцира воено сценарио со надеж дека ќе се реши кризата со сила, ќе предизвика катастрофа, изјави Лавров во рускиот Совет на Федерацијата.

Тој нагласи дека разговорите и постепеното попуштање на тензиите немаат алтернатива.

Лавров предупреди дека пропаста на договорот за иранската нуклеарна програма се испраќање погрешен сигнал до оние кои се надеваат на решение за проблемот со Северна Кореја.