Свет
28. May 2018 - 14:09

Лавров: На јужната граница треба да има само сириски трупи

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров денеска изјави дека само трупи под команда на сириската Влада треба да бидат присутни на јужната граница на Сирија кон Јордан и Израел.

Според руските медиуми, Лавров тоа го изјавил на заедничка прес конференција со министерот за надворешни работи на Мозамбик, Жозе Кондугва Пачек.