-->
-->
Лавров: Москва загрижена поради ограничувањата на работата на руските новинари
-->
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров изјави денеска дека Москва е загрижена поради бројните случаи во кои на руски новинари им се ограничува работата во западни медиуми.
- Загрижени сме поради многу случаи во кои професионалните активности на нашите респортери се ограничуваат. Се надеваме дека професионалните здруженија ќе продолжат да ги промовираат високите стандарди на новинарство, изјави Лавров на состанок со претставници на невладиниот сектор.
Според него, како што јави ТАСС, во време на забрзан развој на информациските и комуникациските техологии, објективното известување доста зависи од медиумите, поради што не е од помош тоа што Западот се фокусирал да ја дискредитира Русија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица)
-
Сончево со мала до умерена облачност, попладне во западните делови услови за локален дожд
-
Бајден изјави дека САД работат на тоа да им се овозможи на раселените жители од северен Израел да се вратат дома
-
Шефот на ИДФ вети дека војската ќе стигне до секој што им се заканува на израелските цивили
-
Николоски на средби со министри за транспорт на ЕУ ја презентираше инвестициската програма на Владата
-
Тошковски: Се надевам дека ќе нема настани кои ќе подгреваат тензии, ако има соодветно ќе одговориме
-
Тошковски: Фокусирани сме на функционален систем за следење на сообраќајот со камери
-
Жена физички нападнала вработен во општина Кочани