Лавров: Мировниот договор за Украина сè уште треба да се „дотерува“
„Сè уште има некои специфични точки - елементи - од овој договор кои треба да се дотеруваат и ние сме зафатени со токму овој процес“, изјави синоќа Лавров за американската телевизија С-Би-Ес, пренесе ДПА.
- Постојат неколку знаци дека се движиме во вистинската насока, рече Лавров, додавајќи дека Русија е „подготвена да постигне договор“.
Забелешките доаѓаат по комбинираниот руски ракетен и беспилотен напад врз Киев во кој загинаа најмалку 12 лица, а десетици се повредени, според податоците на украинските власти. Нападот предизвика ретки директни критики од американскиот претседател Доналд Трамп, кој го повика рускиот претседател Владимир Путин да го запре насилството.
„Владимир, ЗАПРИ!“ напиша Трамп на својата платформа Truth Social, еден ден откако остро го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски за неговото одбивање да ја прифати руската окупација на Крим и го обвини за продолжување на војната.
„Не сум задоволен од руските напади врз Киев. Не се неопходни и се во многу лош тајминг“, напиша американскиот претседател, повикувајќи на склучување мировен договор.
САД постојано се закануваат дека ќе се повлечат од преговорите доколку наскоро не се постигне договор.
Украина повеќе од три години се брани од целосна руска инвазија, потсетува ДПА.
Ново на Сител
-
Мицкоски на Конгрес на Европската народна партија во Валенсија
-
Администрацијата на Трамп ги ублажува царините за автомобилски делови
-
Интерпелацијата на министерот Тошковски денеска пред пратениците
-
Масовниот прекин на струја на Пиринејскиот Полуостров предизвикан од дефект во меѓусекторската врска меѓу Франција и Шпанија
-
Тројца повредени во пожарот во Кочани отпуштени од болницата во Варна
-
Експертите очекуваат оставка од претседателката на Антикорупциска, од ДКСК тврдат дека индивидуалната одговорност не ја поткопува нивната работа
-
Истрага против дилер на марихуана од Радовиш
-
Генерален штрајк во Белгија