Лавров: ЕУ ги загрозува преговорите со воведување санкции за Иран
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров повторно ги повика Соединетите Американски Држави да ги укинат санкциите за Иран воведени од поранешниот претседател Доналд Трамп.
Русија во вторникот соопшти дека смета на спасување на иранскиот нуклеарен договор доколку САД се вратат и ја обвини Европската унија за загрозување на преговорите со воведување санкции за Иран поради состојбата со човековите права.
Тој ја критикуваше Европската унија, за која вели дека им се заканува на постојаните напори со воведување санкции врз група од осум ирански службеници за безбедност за нивната улога во репресијата на демонстрациите во ноември 2019 година.
„Нема координација во ЕУ, десната рака не знае што прави левата, тоа е жално. Ако оваа одлука е намерно донесена за време на преговорите за спасување (на нуклеарниот договор) во Виена, тогаш веќе не е тажно, туку е грешка што е полоша од злосторство.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-Транс
-

Камионџиите утре ќе ги блокираат граничните премини поради новите правила за влез во ЕУ
-

Или промени или распад - Членството на СДСМ со порака до раководството
-

Тошковски: Паралелно со „Сејф Сити“, ќе има и полициски возила со мобилни камери на „црните точки“ на патиштата
-

АХВ: Спроведени 125 илјади контроли, изречени казни од над половина милион евра
-

Ориз на годинашната реколта стои по амбарите
-

Охрид презема мерки за заштита од загадениот воздух
-

Во месецов што изминува преполни сместувачки капацитети во Крушево
