Лавров: Двосмисленото однесување на Франција го поткопува дијалогот за мир во Украина
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Франција неколкупати преку тајни канали стапила во контакт со Москва за да разговара за ситуацијата во Украина, но без вклучување на Киев во преговорите.
– Нашите француски колеги неколкупати нè контактираа преку затворени канали. . . Но, без Украина, рече Лавров во интервју за неколку медиуми.
Оваа изјава предизвика немир во дипломатските кругови, а Франција веднаш реагираше, инсистирајќи дека Русија мора да ја преземе целосната одговорност за војната која ја започна и дека мирот може да се постигне само според условите што ќе ги одреди Украина.
Руските власти се навикнати да даваат непромислени изјави со цел манипулација со војната на агресија, за која тие сносат целосна одговорност.
Ако Русија сака мир, треба да ја запре војната – изјави француски дипломат, кој побарал да не биде именуван.
Тој, во изјава за Политико нагласи дека ставот на Франција од почетокот на војната е јасен – Украина, како нападната земја, има право да ги одреди времето и условите за преговори.
– Украина предложи формула за мир, која Франција ја поддржува. Мирот постигнат без Украина никогаш нема да биде траен, додаде тој.
Лавров, критикувајќи ја француската позиција, го оцени ставот на Париз како „двосмислен“, посочувајќи на иницијативата на францускиот претседател Емануел Макрон за воведување мировни сили во поствоена Украина.
Таквото двосмислено однесување не влева доверба ниту создава желба сериозно да ги разгледуваме предлозите на нашите француски колеги, рече Лавров.
Макрон минатиот месец го коментираше телефонскиот разговор меѓу германскиот канцелар Олаф Шолц и рускиот претседател Владимир Путин, наведувајќи дека „иницијативите се секогаш позитивни“, но и дека „Путин не сака мир и не е подготвен за преговори“.
Ново на Сител
-
Најмалку 11 загинати, 22 повредени во автобуска несреќа во Мексико
-
Трамп ќе присуствува на Самитот на НАТО во Хаг
-
Македонските одбојкари финишираат со подготовките за Европската златна лига
-
Обновен сообраќајот на Кримскиот мост
-
Вучиќ најавува наскоро закон за Избирачкито список, избори кога тој ќе одлучи
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека економијата расте – само што не можат да поднесат што расте без нив
-
СДСМ: Kога инфлацијата е 3%, исто колку наводниот раст, нема никаков раст
-
Во Судан нападнат конвој на ОН со храна