Свет
9. September 2024 - 14:31

Лавров: Блискиот исток е на работ на голема регионална војна

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров оцени дека Блискиот Исток е на работ на голема војна.

„Блискиот исток повторно е на работ на голема регионална војна и наша заедничка одговорност е да го спречиме тоа да се случи“, рече Лавров во Ријад на седницата на Стратешкиот дијалог на Советот за соработка Русија-Заливот, пренесува РИА Новости.

Министерот изјави дека неспособноста на светската заедница да ги запре борбите во Појасот Газа доведе до нагло влошување на воено-политичката ситуација на целиот Блиски Исток: од границата на Либан и Израел до Црвеното Море и на во исто време, конфликтот меѓу Израел и Иран достигна ново опасно ниво.