-->
-->
Ларвик противник на ЖРК Вардар во четвртфиналето на ЛШ
-->

Ракометарките на ЖРК Вардар во четвртфиналето на Лигата на шампионките за противник ќе го имаат норвешкиот тим на Ларвик.
Со комплетирањето на натпреварите од последното 10.коло во групната фаза, познати се осумте екипи кои ќе се борат за место во завршниот турнир. Ларвик во последното коло триумфираше на гости во Франција кај Флери со 31:28 со што го потврди второто место во групата 1.
Резултати од 10.коло во Главна фаза:
Група 1:
ФТЦ - Баја Маре 21:18,
Турингер - Ростов 28:32,
Флери - Ларвик 28:31.
Табела: Ростов 19 бодови, Ларвик 12, ФТЦ Будимпешта 12, Баја Маре 10, Флери 6, Турингер 1.
Група 2:
Савехоф - Вардар 26:29,
ЦСМ Букурешт - Ѓер 22:24,
Будуќност - Митјиланд 27:21
Табела: Будќност 15 бодови, Ѓер 15, Вардар 14, ЦСМ Букурешт 9, Митјиланд 5, Савехоф 2.
Покрај дуелот меѓу ЖРК Вардар и Лаврик, за место на „фјнал-фор’’ турнирот ќе се борат:
Ростов – ЦСМ Букурешт,
Ференцварош – Ѓер и
Баја Маре – Будуќност.
Инаку, досега во Лигата на шампионите, Вардар и Ларвик играа двапати, во сезоната 2013/2014. Тогаш во Скопје беше нерешено, 27-27, а на гостински терен победивме ние со 31-29.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Го исполни ли Ѓорѓиевски ветувањето - чист град за 72 часа?
-

Премиерот готви реконструкција – партиите се спремаат за конгреси
-

Во петок ќе почне комисиската расправа за предлог - буџетот за 2026
-

АХВ спречи 37 тони небезбедна храна да стигне до потрошувачите
-

СДСМ обвинува дека скандалот е поголем
-

Тутунарите очекуваат повисоки цени
-

Панел-дискусија на МОН во Тетово: Технологијата во образованието е помошник, но не и замена за наставникот
-

Современиот начин на живот влијае врз младите
