Ланските дозволи за движење издадени од МИОА ќе важат и за претстојниот полициски час
Дозволите за движење во време на полициски час што минатата година ги издаде Министерството за информатичко општество и администрација ќе важат и за време на ограниченото движење на граѓаните од утре до 22 март. На оние кои ги изгубиле дозволите МИОА ќе им преиздаде нови.
-Министерството за информатичко општество и администрација е задолжено да објави соопштение со кое ги известува граѓаните и економските оператори дека се обновува важноста на веќе издадените дозволи издадени за време на претходните одлуки за забрана за движење. МИОА ќе им ги преиздаде решенијата за слободно движење на оние кои во меѓувреме ги загубиле дозволите, како и на оние кои имаат дополнителни барања за дозволи за движење врз основа на доказ за неопходноста на тоа барање, информира на денешната прес-конференција портпаролот на Владата Душко Арсовски.
Во однос на издавањето дозволи поврзани со работата на економските поератори по 22 часот, појасни Арсовски, задолжени се самите фирми, како што било случај минатата година.
-Тие пополнуваат образец објавен на веб-порталот www.uslugi.gov.mk и за тоа се задолжени самите одговорни лица во компаниите со сите потадоци, исто како и минатата година. Oткако ќе го пополнат овој обрзаец тој станува валиден и со него овие работници пред било која полициска контрола можат да докажат дека во времето кога трае ограничувањето на движењето извруваат работни задачи, рече владиниот портпарол.
Компаниите, потенцира тој, на некој начин со аплицирањето на тие обрасци гарантираат дека одговараат конкретно за тие лица оти се во работен процес во период додека трае забраната за движење.
Ново на Сител
-
Трамп со аплауз го пречека Путин
-
Авионот на Трамп слета во Екориџ
-
Песков: Самитот меѓу Путин и Трамп во Алјаска ќе трае најмалку 6-7 часа
-
Во Албанија уапсени три лица за подметнување пожари, ситуацијата со пожарите подобрена
-
Независните кандидати наместо од еден отсто, треба да соберат потписи од 0,95 проценти од запишаните избирачи во ИЕ
-
Хакерски напад врз веб-страницата на српското МВР од IP-адреса од Холандија
-
Лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар
-
Поради пожар во НП Јасен патот Македонски брод Скопје затворен за секаков вид возила