-->
-->
Ламборгини почна да произведува маски и медицински визири
-->
Италијанскиот производител на луксузни автомобили Ламборгини денеска објави дека почнал со производство на маски и медицински визири.
Ова е нов пример за трансформација на производството во екот на пандемијата на новииот коронавирус.
Други италијански компании, од луксузниот сегмент или модниот сектор, веќе ги пренаменија фабриките за да произведуваат медицински производи.
Таков е случајот со дизајнерот Џорџо Армани, чии италијански фабрики произведуваат заштитна облека за медицински персонал, вклучен во борбата против пандемијата. „Прада“ исто така произведува маски и заштитна облека. Компаниите за текстил Калцедониа и за спортска опрема Спортива – почнаа со производство на маски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Гаши: Кривичниот законик ќе се менува по предлог на пратениците, а не по барање на Уставен
-
Ден на ретките болести - Пациентите побараа државата да донесе национална стратегија
-
Детска Клиника преполна со болни деца од респираторни инфекции
-
Дурмиши: Нема да се толерира картелско здружување на ланците маркети
-
Електронски ќе се вади уверение за остварен доход
-
Почнуваат карневалските денови
-
СДСМ бара оставка од министерката за финансии за навредите кон пратеничката Петровска
-
Гаши ги следи реакциите за вчерашната седница за пратенички прашања