-->
-->
„Лакомите“ англиски клубови ја рушат ЛШ?!
-->

Најдобрите англиски фудбалски клубови: Манчестер Јунајтед, Челзи, Арсенал, Ливерпул и Манчестер Сити, одржале таен состанок на кој главна тема била напуштање на Лигата на шампионите! Како што пренсува таблоидот The Sun, преставници на наведените тимови, во Лондон, оствариле средба со американскиот милијардер, Стивен Рос, со кого разговарале на оваа тема.
Според истиот извор, Јунајтед го преставувал Ед Вудворд, преставник на Челзи бил Брус Бак, на Арсенал Иван Газдис, на Сити Феран Соријано, а на Ливерпул Ијан Ајр. Американецот Рос е сосптвеник на НФЛ тимот Мајами Долфинс и е кретатор на Меѓународниот куп на шампионите, натпреварување кое во летниот период се одржува во САД и на кое како дел од подготовките учествуваат најдобрите европски тимови.
Единствена тема на состанокот била основање натпреварување во кое би играле најбогатите европски екипи, со кое би завршила доминацијата на Лигата на шампионите.
Покрај најбогатите англиски тимови, и други европски гиганти биле планирани да бидат дел од новото натпреварување, кое на тимовите би им гарантирало учество без оглед на пласманот во националните првенства.
Доколку се случи идејата да биде набргу реализирана, најголема корист би имале Јунајтед, Ливерпул и Челзи кои во тековната сезона во Премиерлигата не се наоѓаат на позициите кои обезбедуваат настап во Лигата на шампионите на УЕФА.
Јунајтед предминатата сезона не играше во ЛШ, што кај најбогатиот светски клуб остана без планираните финансиски средства, а слично е и со Ливерпул, екипа која редовно се мачи да обезбеди пласман во ЛШ.
Рос на клубовите им гарантира многу поголема заработувачка, од она што им следува со настапот и остварените резултати во Лигата на шампионите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Денеска е Митровден - празник посветен на Светиот великомаченик Димитриј
-

САД нудат награда до 20 милиони долари за информации за иранската нуклеарна програма
-

Одбележани 130 години од изградбата на храмот „Свети великомаченик Димитриј“ во Скопје
-

Трамп бара истрага против демократите, ги обвини за „кривично дело“
-

Крвав напад во Краков: Најмалку шест загинати, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот
-

Осум српски полицајци уапсени за смртно претепување на братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ
-

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за дожд во западните делови од земјата
-

Андоновски: Целта е граѓаните што побрзо да ги почувствуваат придобивките од дигитализацијата
