Он-лајн медиумите најнепрофесионални, СЕММ воведува посебни правила

Етичките и професионалните стандарди на новинарството во Македонија најмногу се прекршуваат од он-лајн медиумите (79 отсто), а потоа од телевизиите (12,6) и од печатените весници и неделниците (осум проценти), покажуваат бројот и видот на поплаките упатени до Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) минатите три години.
Од вкупно 214 поплаки поднесени до Комисијата во периодот 2014 - 2017 година, најголем број се од организациите од граѓанскиот сектор (27,5 отсто), од медиуми и новинари (25,7), од носители на јавни функции, институции и политички партии (23,8) и од други субјекти (22,9).
Во 175 случаи Комисијата утврдила прекршување на Кодексот на новинарите и изрекла морална санкција, 28 жалби биле неосновани или надвор од надлежноста на Комисијата, а 11 жалби биле решени по пат на медијација.
За СЕММ, како што соопшти, е најзагрижувачки фактот што најголем дел од прекршувањата се однесуваат на основните правила на етичкото новинарство: објавување точни, проверени и сеопфатни информации и разграничувањето на фактите од мислењето на новинарот.
- Особено загрижува и тоа што 49 или 28,8 отсто од вкупниот број поплаки се однесувале на медиуми кои во јавноста ширеле говор на омраза, употребувале дискриминирачки искази или поттикнувале стереотипи, и на тој начин им нанесувале сериозна штета на припадниците на одделни групи, наведува СЕММ.
Според Советот, публиката која се информира главно од он-лајн порталите или од други медиуми кои не ги почитуваат правилата на етичкото новинарство, станува лесен предмет на манипулација поради големиот број фабрикувани или полувистинити информации. Ефектот на манипулација со јавното мислење уште повеќе се зголемува со тоа што таквите дезинформации и фабрикувани приказни потоа се споделуваат и коментираат на јавните мрежи.
- Имајќи ја превид огромната манипулативна моќ на дезинформациите и на фабрикуваните или лажните вести што се шират под маската на „сериозно новинарство“, СЕММ, во насока на поголема афирмација на саморегулацијата, воведе посебни правила за интернет порталите (http://semm.mk/sovet-za-etika-4/pravila-za-chlenstvo) кои се членови или кои сакаат да пристапат кон СЕММ, стои во соопштението.
Но, покрај воведувањето на овие правила, СЕММ ги повикува сите медиуми да работат со професионален интегритет и да се заложат за доследна примена на основните принципи на етичкото новинарство.
Ново на Сител
-

Во третиот квартал годинава 10.033 слободни работни места
-

Возач на Бит Пазар нападнал 14-годишно момче, па ја одвел неговата 16-годишна сестра во непознат правец
-

Охриѓанец со остар предемет нападнал сограѓанин и тешко го повредил
-

Кривична за 16-годишник од Скопје, поседувал пиштол и муниција и ги носел со себе
-

Издадени приближно 40.000 студентски ваучери за електронски уреди, рокот за аплицирање е до 20 декември
-

Во угостителски објект во Свети Николе затекнати 26 малолетници после 24:00 часот, од нив 14 под дејство на алкохол
-

Германски научници открија антитело против ХИВ
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче направи хаос па сега изигрува жртва
