„Лајкамобајл“ објави почеток со работа во Македонија
Меѓународниот мобилен виртуелен оператор Лајкамобајл (Lycamobile) денеска соопшти дека стартува со работа во Македонија.
„Лајкамобајл“ на македонскиот телекомуникациски пазар ќе оперира со предзнакот 079. Ќе ја користи мрежата на мобилниот оператор оне.ВИП.
Од Агенцијата за електронски комуникации, каде се нотифицираше, информираат дека операторот досега има добиено 175.000 броеви кои ќе може да ги доделува на сопствените корисници. Претходно веќе имаат завршено со тестирање на преносливост на броеви и имаат одобрен стандарден претплатнички договор.
- Македонските граѓани ќе може да ги уживаат придобивките од „Лајкамобајл“ и нашите нискобуџетни тарифи за национални, меѓународни повици, како и интернет сообраќај. Понудите на „Лајкамобајл“ особено ќе им бидат привлечни на граѓаните кои имаат потреба да им се јават на своите пријатели или роднини во странство, со оглед на тоа дека постојат голем број Македонци низ целиот свет. „Лајкамобајл“ нуди импресивни цени без трошоци за роаминг во дури 18 земји во светот, се вели во соопштението од „Лајкамобајл“.
Македонија, наведуваат, лани оствари импресивна стапка на раст во мобилната телефонија од 108 проценти поради што донесовме стратешка маркетинг одлука за да ги искористиме предностите на таквиот растечки пазар.
- Македонија е држава што се наоѓа во срцето на Југоисточна Европа , опкружена со некои од најпопуларните земји, а нејзината телекомуникациска индустрија доби значајни странски инвестиции во последниве години. Имајќи го предвид тоа, Македонија е нашиот следен чекор, со што продолжуваме да се прошируваме на меѓународно ниво, се наведува во пишаната изјава од генералниот директор на Лајкамобајл Субаскаран Алираџах.
Како што истакнуваат од „Лајкамобајл“, Македонија е 21-ва држава во нивната меѓународна мрежа, а опслужуваат 15 милиони корисници од Европа, САД, Австралија, Хонгконг и Тунис.
На македонскиот телекомуникациски пазар работат и мрежните оператори Телеком МК и оне.ВИП.
Ново на Сител
-
Аврамовска Мадиќ: Излезноста на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ 54 отсто
-
Деспотовски најави приговори за изборите за претседател на СДСМ
-
За ниедни пари не би пеела за партија | Лара Иванова | ПРОфесија | Sitel Podcast 049
-
Французите масовно гласаат во првиот круг од парламентарните избори
-
Гувернерот на Истанбул ја забрани Парадата на гордоста, го затвори центарот на градот
-
За влез во земјава на „Табановце“ се чека два часа, на останатите премини околу еден час
-
Два хеликоптера на МВР вклучени во гасењето на пожарот кај Василево
-
Најмалку 18 лица загинаа, а 30 се ранети во три напади на жени бомбаши самоубијци во Нигерија