Лагард: Проблемот со грчкиот пензиски систем е директно поврзан со олеснувањето на долгот
Реформите во пензискиот систем во Грција треба да бидат продлабочени, изјави генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, поврзувајќи ги промените во грчкиот пензиски систем со олеснувањето на надворешниот долг на земјата.
Таа истакна дека десет отсто од бруто домашниот производ на Грција се одвојува за помош на пензискиот систем, чие реформирање е неопходно, со цел да не се наталожуваат долгови и дефицити.
- Секогаш велев дека грчката спасувачка програма треба да се движи во две насоки - едната е значителни реформи, а другата олеснување на долгот. За да се случи тоа, Грција треба да ги реформира пензискиот и даночниот систем, но и да го ограничи даночното затајување. Олеснувањето на грчкиот долг треба да биде поврзано со овие реформи, нагласи Лагард.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот