Ладна ги објави победниците на овогодинешниот Детски ликовен конкурс на тема „Музикантите во природата“

Со прогласување на победниците во двете категории Ладна го затвори традиционалниот детски ликовен конкурс, кој оваа година беше на тема: „Музикантите во природата“. Ладна обезбеди вредни награди за победниците, иако поради непредвидливоста на настаните тие беа малку поинакви од традиционалните награди.
Како и секоја година, натпреварувањето беше поделено во две категории: 1) деца на возраст од 4 до 7 години и 2) деца на возраст од 7 до 10 години. Темата на конкурсот ја разбуди инспирацијата кај младите уметници, па тие испратија огромен број дела на кои беа нацртани нивните омилени музиканти во природата.
Како победнички цртежи од двете категории беа одбрани цртежите на:
Категорија од 4 до 7 години
Каја Митровска, 4 години, Скопје (прво место)

Андреа Танчевска, 5 години, Струмица (второ место)

Нина Стојанова, 6 години, Скопје (трето место)
Категорија од 7 до 10 години
Максим Апостоловски, 8 години, Виница (прво место)

Ивана Јосифовска, 9 години, Скопје (второ место)

Константин Милески, 8 години, Прилеп (трето место)

Авторите на одбраните дела Ладна ќе ги награди со специјално адаптирани награди за оваа година. Наградите за оваа година, по категории, се следните:
Прва награда: Парична награда во еквивалентен износ за предвиденото тридневно патување во Дизниленд, Париз на детето со родителите/старателите
Втора награда: Парична награда во еквивалентен износ за предвидениот годишен курс за цртање
Трета награда: Таблет за цртање
Ладна им се заблагодарува на сите учесници кои решија да ја активираат својата фантазија и да нацртаат мали парчиња уметност за учество во конкурост. Пријавените и наградените цртежи можете да ги погледнете на следниот линк: http://www.ladna.com.mk/ArtCompetitions.
Ново на Сител
-

Цените на дизелот и бензинот рушат рекорди во ЕУ: Највисоки во последните 20 години
-

Ѓорѓиевски: Мега парк од 50.000 м² во Бутел - трајно решение во борбата со депониите
-

Почна Октоберфест - фестивалот на пивото во Минхен
-

Сопствениците на дизел-возила во Унгарија ќе добиваат парична помош од државата поради високите цени
-

НАТО го поздрави договорот меѓу САД, Данска и Гренланд
-

Трамп им забрани пристап во Белата куќа на новинари од CNN, MS NOW и Politico
-

Обвинение против шест лица за фалсификуваните возачки дозволи, тројца се' уште се во бегство
-

Пронајдено и казнето лицето кое од мотокултиватор фрлаше двосед и врати на јавно место во Шуто Оризари
