Loading Video...
Фудбал
5. January 2020 - 15:58
Лацио со гол во 91-минута ја победи Бреша
Со гол постигнат во 91-та минута екипата на Лацио забележа победа на гостувањето кај Бреша со 2-1 во меч од 17 коло на италијанската Серија А.
Бреша која е се наоѓа во опасната зона и ќе води тешка битка за опстанок поведе во 18.минута со голот на Марио Балотели.
Во продолжени на сцена стапи Чиро Имобиле кој прво од пенал во 42.минута го израмни резултатот, а вториот гол го постигна во судиското дополнение на второто полувреме односно 91-та минута.
Со оваа победа, Лацио останува во трка за првата позиција односно римскиот тим е на 3.место на табелата со три бодови помалку од водечките Јувентус и Интер кој имаат идентични 42 бода.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->