Лабораториски произведен протеин од јајце стигна до големите маркети во САД

Лабораториски произведен протеин од јајце, веќе се користи во прехранбени производи што се продаваат во големите американски трговски синџири Walmart и Target.
Американската компанија The EVERY Company го произведува својот протеин од белка OvoPro со технологија наречена прецизна ферментација. Во процесот се користи генетски програмиран квасец кој произведува протеин идентичен или еквивалентен на протеинот што природно се наоѓа во белката од јајце.

Добиениот протеин има повеќе функционални својства на конвенционалните јајца и може да се користи за врзување, создавање пена, матење и желирање во различни видови храна, меѓу кои печива и готови прехранбени производи.
Од EVERY наведуваат дека производи што содржат нивни протеини веќе се продаваат преку Walmart и Target низ САД.
Компанијата соопшти дека годишните нарачки обезбедени во првите четири месеци од 2026 година биле еквивалентни на 550 проценти од вкупниот обем на нарачки во 2025 година, што придонело за проширување на производствените капацитети.

Ново на Сител
-

Тошковски во Дубаи ја прими наградата „Excellence in Road Safety“ за „Безбеден град“
-

Јанев за грчката државна телевизија ЕРТ: Изградивме силни и тесни врски со грчката полиција
-

Потешко до работа во Германија: Од 50.000 на 25.000 Германија ја намалува квотата за работници од Македонија и регионот
-

Во Сенџен почна историската средба Шји – Трамп – Путин
-

Италија подготвува забрана за социјални мрежи за деца под 13 години – до 16 години само со родителска контрола
-

ДЗР: Потребни се дополнителни мерки за зајакнување на ИТ безбедноста во ФЗОРСМ
-

Исламот би можел да стане најголема светска религија до 2035 година
-

Заврши билатералната средба Трамп – Путин во Шенџен
