„Ла ла ленд“ освои рекордер број статуетки на „Златните глобуси“

јузиклот на Демијан Шазел, „Ла ла ленд“ победи во категоријата „мјузикл или комедија“ на синоќешното доделување на годинешните награди „Златен глобус“, а пак, филмот „Месечева светлина“ на режисерот Бери Џенкинс е прогласен за најдобра драма за изминатава 2016 година.
На манифестацијата што се одржа во Лос Анџелес, домаќин беше водителот Џими Фалон.
„Ла ла ленд“ победи во рекордни седум категории и тоа - најдобар мјузикл, режија, сценарио, филмска музика, најдобра песна, како и за машка и женска главна улога, одиграни од Рајан Гослинг и Ема Стоун.
Филмот „Ели“ на Пол Верховен, според жирито, е најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, а пак „Зоотопија“ е најдобар анимиран филм.
Наградата за животно дело насловена „Сесил Б. де Мил“ ја доби Мерил Стрип, која не пропушти на својот говор да му даде и политичка боја, имплицитно критикувуајќи го идниот претседател на САД, Доналд Трамп.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
