-->
-->
Kвитова нападната со нож!
-->
Двократната шампионска на Вимблдон, Петра Квитова (26), била нападната со нож во нејзиниот дом во Простјетов, во Чешка.
Британски The Independent пренесува дека тенисерката не е во животна опасност, туку дека се здобила со повреди на тетивата на левата рака.
Инаку, Квитова е леворака тенисерка, препознатлива по разорниот форхенд.
Квитова, синоќа, објави дека нема да настапи на Хофман купот, поради повреда на ногата. Се претпоставува дека нападот се случил во текот на ноќта.
Мотивите за нападот сé уште не се познати.
Квитова се наоѓа на 11-то место на ВТА листата, а најдобар пласман и е второто место, на кое се наоѓаше пред пет години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Протест во Скопје на родителите на загинатите во кочанската дискотека
-
Кочани повод за втора интерпелација за Тошковски за 100 дена
-
Апелационен суд Штип: Бектеши останува во притвор
-
Кос: Македонија е тажна приказна на Балканот која предолго чека влез во ЕУ
-
Семејствата на настраданите во Кочани на протест пред јавното обвинителство во Скопје
-
Пратениците расправаат за интерпелација на министерот Тошковски
-
Николоски: Предвремени избори нема да има
-
СДСМ: Дали градоначалникот Стефковски лично се јавувал за неговиот брат да не биде казнет?