-->
-->
Kвалификации за СП: Македонија на крајот трета
-->
Македонската футсал репрезентација остана без историски успех, односно пласман во баражот за Светското првенство, откако заврши на третото место на квалификацискиот турнир во Италија. Имено, Македонија во неделата славеше над Молдавија (5:2), а апсолутниот фаворит Италија си дозволи пораз од Словачка (1:2).
Во Групата 7, Италија, Словачка и Македонија освоија по шест бода, Молдавија заврши како последна без освоен бод. На крајот пресуди гол разликата помеѓу селекциите кои освоија по шест бода, а тука пресуди поразот на Македонија од Италија (1:6).
Инаку, во последното коло, Македонија славеше над Молдавија со 5:2 со головите на Петровиќ, Леовски, Глигоров, Мицевски и Де Соуза, додека Словачка со двата гола на Беленик постиганти во перидот од 28-та до 30-та минута славеше со 2:1 над Италија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична за вработена во градинка, и се заканувала на нејзина колешка
-
Семеен масакр во Турција: Ги убил сопругата, детето и родителите, па се самоубил
-
Лекар од Гевгелија нападнат од возач во Итната медицинска помош
-
Приведено лице од Кочани, ВИН бројот во неговата сообраќајна дозвола и на возилото не се совпаѓале
-
Вучиќ: На грубоста, невоспитанието и ароганцијата ќе одговориме со уште повеќе работа
-
Преку лажен мејл наводно од ФЗО на граѓани им ветувале исплата на пари ако кликнат на одреден линк
-
Исус покренат со вештачка интелигенција во црква во Швајцарија
-
Комплетиран новиот состав на Комисијата за помилување