Фудбал
10. October 2019 - 10:16

Kвалификации за ЕУРО 2020: Mакедонската репрезентација домаќин на словенечкиот национален тим

Десет натпревари ширум Европа ќе се одиграат во текот на денешниот ден во рамките на квалификациите за евро-шампионатот 2020.

Репрезентацијата на Северна Македонија се среќава со Словенија. Натпреварот ќе се одигра на Национална Арена „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 20:45 часот.

Од двата табора најавија игра на победа и освојување на трите бода со што би ги задржале шансите за пласман на ЕП.

На другите две средби од 7.коло во Г-групата играат:
Австрија – Израел
Летонија – Полска.

По шест кола во Г-групата лидер е Полска со 13 бода, пред Словенија со 11, Австрија има 10, Македонија и Израел по 8, Летонија е без освоен бод.