Loading Video...
Ракомет
28. April 2021 - 19:21

Квалификации за ЕП: Македонија славеше во Финска

Македонската ракометна репрезентација  забележа победа на гостувањето во Финска со 27-22 и го визираше учеството на ЕП во Словачка и Унгарија.  Ова ќе биде 7-ми настап на нашата селекција на континенталните собири. 
 
Победата на избраниците на Кире Лазаров беше очекувана но остварена малку потешко од очекувањата. 
  Македонија стартуваше со подмладен состав но откако Финците обезбедија водство дојде до неколку замени во нашите редови уште кон средината на првиод дел но сепак домаќинот отиде на пауза со предност од 14-12. 
Дури во вториот дел  нашата репрезентација заигра на препознатливо ниво и го сврте резултатот па во финишот Финска немаше можност да стори нешто повеќе иако нивниот голман Росландер правеше чуда на голот и одбрани 20 удари. 
Мора да се истакне дека и во нашиот тим Томовски и Митревски добро бранеа и имаа вкупно 15 одбрани.  Најефикасни беа Кире Лазаров и Филип Кузмановски со по 5 постигнати гола. Кај Финска се истакна Гранлуд до 6 гола. 
Следниот меч е во Скопје в недела кога ни гостува Швајцарија.