Квадрилатерална средба во Букурешт
Во Букурешт денеска ќе се одржи состанок на Високиот совет за соработка на Романија, на Србија, на Грција и на Бугарија.
На состанкот на Високиот совет ќе присуствуваат премиерите на Романија, на Бугарија, на Грција, Вјорика Данџила, Бојко Борисов и Алексис Ципрас и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Состанокот е договорен за време на средбата на четирите лидери во во Белград во декември минатата година. Повод за нивната средба тогаш беше поддршката на Србија од овие три земји членки на ЕУ за забрзување на европскиот пат преку економската соработка, но и на останатите земји на западниот Балкан преку решавање на проблематичните односи.
На состанокот во Белград акцентот беше ставен на унапредување на соработката за сообраќајното, инфраструктурното и енергетското поврзување меѓу овие четири балкански држави.
Ново на Сител
-
Во Кина масло за јадење се транспортирало во цистерни за гориво
-
Фудбалери на Уругвај се степаа со колумбиските навивачи
-
НАТО ќе обезбеди воена помош за Украина во висина од 40 милијарди евра
-
Претседателката Сиљановска Давкова во посета на армискиот Камп за обука на вода во Охрид
-
Портокалов аларм, високи температури и УВ-индекс
-
Трет ден од Самитот на НАТО во Вашингтон
-
Во Скопје зголемен број колапси на јавни места
-
Седници на собраниските комисии за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија