Квадрилатерална средба во Букурешт
Во Букурешт денеска ќе се одржи состанок на Високиот совет за соработка на Романија, на Србија, на Грција и на Бугарија.
На состанкот на Високиот совет ќе присуствуваат премиерите на Романија, на Бугарија, на Грција, Вјорика Данџила, Бојко Борисов и Алексис Ципрас и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Состанокот е договорен за време на средбата на четирите лидери во во Белград во декември минатата година. Повод за нивната средба тогаш беше поддршката на Србија од овие три земји членки на ЕУ за забрзување на европскиот пат преку економската соработка, но и на останатите земји на западниот Балкан преку решавање на проблематичните односи.
На состанокот во Белград акцентот беше ставен на унапредување на соработката за сообраќајното, инфраструктурното и енергетското поврзување меѓу овие четири балкански држави.
Ново на Сител
-
Управните служби и утре ќе ги издаваат готовите лични документи на граѓаните
-
Се проверува дали има оштетени реагенси во ИЈЗ, откако некој ги исклучил фрижидерите каде тие се чуваат
-
Во сообраќајка загина 21-годишно момче од Велес
-
Активен пожарот во Старо Нагоричане, во Куманово состојбата стабилна
-
Казнети 476 возачи за брзо возење на територија на цела држава
-
Лишени од слобода две лица, пронајден пиштол и криумчарена стока
-
Кривична пријава за полициски службеник кој пукал на семејна веселба
-
Сиљановска Давкова: Афирмација и унапредување на положбата на македонското национално малцинство во Албанија