-->
-->
Кузмановска: Ѓорчев го кочи зголемувањето на пензиите
-->

Пратеничката од владејачката СДСМ, Катерина Кузмановска, денеска го обвини претседателот на собраниската Комисијата за труд и социјална политика, Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, дека го кочи зголемувањето на пензиите со незакажување на Седница на Комисијата за труд и социјална политика.
- Со предложените законски измени коишто ги кочи Ѓорчев и ВМРО - ДПМНЕ во 2020 година просечната пензија ќе изнесува околу 15.500 денари, или од доаѓањето на СДСМ на власт до почетокот на идната година просечната пензија ќе порасне за вкупно 1.746 денари , вели Кузмановска.
Според неа, со оваа законска измена Владата предводена од СДСМ предвиде покачување од 700 денари за секој пензионер и дополнително усогласување од околу 200 денари, што значи дека пензиите до крајот на 2020 година ќе пораснат за околу 900 денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Низа настани за одбележување на 75-годишнината на Државниот архив
-

Дизелот поскапува, бензинот БС-95 поевтинува: Нови цени од полноќ
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Подгответе се за долги редици на граничните премини со ЕУ, од петок стартува новиот систем
-

Студентите албанци на протест: Бараат полагање на правосуден испит и на албански јазик
-

Јавна расправа за Совет на обвинителите
