Кузеска: Коридорите се од национален интерес, ВМРО-ДПМНЕ и Левица се против секоја стратешка одлука
Изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10-д е стратешки проект од национален интерес.
За прв пат како држава се поврзуваме и кон запад и исток, покрај досегашното поврзување на линија север - југ.
Од кружен тек, со изградбата на коридорите 8 и 10-д конечно да бидеме вистинска крстосница на Балканот.
Повеќе пристаништа ставаме на располагање за македонската економија, тоа за бизнисот и за државата е одлична можност за развој.
Ги поврзуваме градовите, ја поврзуваме нашата држава со околните држави, со Европа и светот со модерна патна инфраструктура.
Иако законските постапки за реализација на овој проект траат веќе 2 години, на почеток на реализацијата ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски започнаа хајка против стратешкиот проект.
Нема никаква промена во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е партијата која што секогаш блокира и се противи на секоја важна, стратешка одлука на земјава.
Со невистини, лаги и извртување на факти ВМРО-ДПМНЕ и Левница водат хајка против изградба на коридорите и против американската компанија Бехтел.
Исто вака ВМРО-ДПМНЕ во заложништво на Левица се однесуваше и за Францускиот предлог за почеток на преговорите со ЕУ.
ВМРО-ДПМНЕ и Левица вака се однесуваат и против Преспанскиот договор со којшто станевме членка на НАТО.
Буквално за секоја стратешка одлука важна за земјата ВМРО-ДПМНЕ била и е на погрешната страна.
ВМРО-ДПМНЕ е партијата симбол на криминал, корупција, провизии од автопати, и од криминалниот Скопје 2014.
СДСМ нема да и дозволи на оваа режимска партија во која 30 години ништо не е променето да создаде нов хаос како со автопатот Охрид – Кичево.
Станува збор за стратешки проект од национален интерес и одговорно е да се донесе одлука да се направат автопатиштата побрзо и поевтино.
Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Ново на Сител
-
Приведен жител на неготинско Криволак, пријавен дека нападнал малолетник
-
Меси: Што и да биде и што носи иднината – само Бог знае
-
Академски пленум: Вучиќ итно да поднесе оставка
-
Зеленски ја отфрли идејата на Путин за средба во Москва: Тој „може да дојде во Киев“
-
Ѓоковиќ: Алкараз и Синер се предобри
-
Сигурни победи за Италија и Франција на стартот од квалификациите за СП 2026
-
Аеродромот во Тирана постави нов рекорд, за шест месеци, над 7,8 милиони патници
-
Пожар избувна во поранешната телевизиска зграда на Би-Би-Си, го гаснат околу 100 пожарникари