„Кувајт ервејз“ прекинува со летови меѓу Њујорк и Лондон бидејќи не сака во своите авиони да превезува Израелци
Авиокомпанијата Кувејт ервејз, одлучи да ги запре летовите меѓу Њујорк и Лондон бидејќи не сака во своите авиони да се возат Израелци.
Министерството за транспорт на САД испрати во септември писмо со барање да се стави крај на дискриминацијата на патници со израелски пасош.
Портпарол на Министерството потврди синоќа дека Кувајт ерлајнс ги информирале американските власти за одлуката да се запрат летовите меѓу тие два града.
Аферата почна во 2013 година кога компанијата не му продаде билет на Израелец. Системот за регистрација на компанијата не дозволува да биде купен билет ако патникот се обиде да се регистрира со израелски пасош. Компанијата одговори тогаш дека ги почитува законите на Кувајт според кои се забрануваат какви било трговски врски со фирми со седиште во Израел или луѓе со израелско државјанство.
Ново на Сител
-
Судење за Штекли
-
„Вардариште“ под лупа на обвинителството, кривични пријави за 3 лица
-
Нови линии и нови авиони
-
По речиси еден век целосно обновен противпожарниот дом во Радовиш
-
Нови инвестиции
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница на Комисијата за надзор врз АНБ и Агенцијата за разузнавање
-
Реџепи не закажува седница на Комисијата за надзор врз АНБ и АР – Нема безбедносен сертификат