-->
-->
Кутињо не е сериозно повреден
-->
Екипата на Ливерпул на вчерапниот натпревар од 35.коло од Премиер лигата оствари важна победа на гостувањето кај Вотфорд со 1:0. Ливерпул на овој дуел од 13.минута играше без Фелипе Кутињо, кој поради повреда мораше да ја напушти играта.
- Ви благодарам за поддршката. Ништо не е сериозно, напиша играчот на „црвените“ на социјалните мрежи.
По завршувањето на натпреварот и менаџерот Јирген Клоп сметаше дека играчот не е сериозно повреден, но не беше сигурен.
- Тој доби удар и беше болно и не беше во состојба да го продолжи натпреварот. Тој се обидуваше, но немаше шанси да продолжи, изјави Клоп.
Ливерпул се наоѓа на третото место на табелата со 69 бодови или три повеќе од Манчестер Сити, а четири од Манчестер Јунајтед но и натпревар повеќе има одиграно од двата тима од Манчестер. До крајот на Премиер лигата Ливерпул ќе одигра уште три натпревари: Саутемптон (дома), Вест Хем (гости) и Мидлсброу (дома).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МВР се вклучува во камањата „Помисли двапати“
-
Денеска се празнува Воведение на Пресвета Богородица
-
Седница на Уставен суд
-
ОН бараат 47 милијарди долари за помош во 2025 година
-
Сијарто апелира на меѓународна акција против прогонот на христијаните на Блиски Исток
-
Рускиот амбасадор во ОН ја обвини Украина дека им помага на сириските бунтовници
-
Променливо облачно време со услови за слаб локален дожд
-
Магла на планинскиот превој Буково