Македонија
3. April 2020 - 12:52

Курто Дудуш: 100 отсто се почитува полицискиот час во Шутка

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ говореше за ситуацијата со корона вирусот во Македонија и како неговата општина се справува со предизвикот.

„Општина Шуто Оризари е подготвена за предизвикот со корона вирусот. По мерките на Владата, ние веднаш набавивме опрема и механизација и поделени се 7.000 маски на лица кои се социјално загрозени. Што се однесува до полицискиот час, како и секоја општина и ние имавме проблеми додека луѓето се навикнат на тоа. Но, сега можам да кажам дека 100 отсто се почитува полицискиот час“, истакна Дудуш.