Курти со апел до Србија: Престанете со нападите пред да настрада некој
Косовскиот премиер Албин Курти ја повика Србија „веднаш да престане со поттикнувањето на насилството пред некој да го загуби животот“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Апелот на Курти уследи по синоќешниот напад со експлозивни средства во Северена Митровица, кога две рачни гранати беа фрлени во дворот на тамошната општина.
Тој на својот Твитер напиша дека во нападот немало повредени лица, но дека лесно можело да се случи некој да настрада.
– Синоќа зградата на општината во Северна Митровица беше нападната со две рачни гранати, предизвикувајќи оштетувања на возилата кои се наоѓаа во близина. За среќа ниедно лице не е повредено, но тоа лесно можеше да се случи. Ја повикувам Србија веднаш да престане со поттикнувањето на насилството пред некој да го загуби животот, напиша Курти.
Во северно Косово во последно време зачестија нападите со шок-бомби, рачни гранати и камења, главно врз објектите на четирите тамошни општини и полициските патроли, откако косовските власти извршија апсење на неколкумина водачи на локалните Срби, осомничени за терористички дела, меѓу кои напади врз новинари, врз припадници на полицијата и на Меѓународните мировни сили во Косово, КФОР.
Ново на Сител
-
Скопјанец испразнил туѓа сметка и земал речиси 700 илјади денари
-
Фрлена рачна бомба во двор во Прилеп, оштетени прозорци и два автомобили
-
Уапсен 41 годишен маж - Со воздушна пушка пукал кон куче
-
Измамен скопјанец за сума од над 18 илјади денари
-
Исчезна 13 годишно девојче од Куманово
-
Шекеринска одржа прием и им се заблагодари на сите чинители за поддршката
-
Украина објави дека руската ракета истрелана кон Дњепар развила брзина поголема од 3.773 метри во секунда
-
Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје