Курти: Прво Бриселскиот, а потоа и Вашингтонскиот договор

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека треба да се спроведе минатогодишниот Договор за нормализација на односите со Србија и оти очекува „дополнително инсистирање“ од Европската комисија за потпишување на тој договор.
„Тоа е најновиот договор што го имаме и тоа е договор во кој јас учествував и го прифатив“, рече Курти одговарајќи на прашањето дали Вашингтонскиот договор би бил прифатлив за него, доколку новата американска администрација инсистира на негова имплементација.
„Да почнеме со најновиот договор, кој е сеопфатен, бидејќи ги нормализира односите меѓу Косово и Србија преку меѓусебно де факто признавање“, додаде Курти.
Минатата година Косово и Србија усно го прифатија Договорот за пат кон нормализација на односите во рамките на дијалогот со посредство на Европската унија и нејзиниот анекс од Охрид.
Во 2020 година, тогашниот премиер на Косово, Авдулах Хоти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, потпишаа договор во Белата куќа, главно за нормализација на економските односи меѓу Косово и Србија, а Курти подоцна остро го критикуваше како неуставен.
Ново на Сител
-

Една година од трагедијата во „Пулс“
-

Средношколците од Струмица засадија дрво во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани
-

Ново зголемување на цената на горивата
-

Трамп бара учество на НАТО во Ормускиот теснец
-

Гаши за Изборниот законик: Јас сум за отворени листи
-

Деца со алергии ги полнат ординациите на педијатрите
-

Филмот „Една битка по друга“ брилираше на Оскарите
-

Преглед на вестите од светот
