Курти повика на мобилизација за протести против намерата на Тачи за размена на територии со Србија
Лидерот на косовското опозициско Движење Самоопределување (ВВ) Албин Курти го повика партиското членство да се мобилизира за, како што рече, „граѓански и мирни протести за да се застане на патот на криминалот кој се врши врз Косово и косовскиот народ“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Курти на денешната седница на Генералното собрание на ВВ, коментирајќи ги идеите на косовскиот претседател Хашим Тачи за „корекција на границите“, односно размена на териториите со Србија, рече дека „земјата поминува низ многу тежок период“, поради што е потребна целосна мобилизација.
- Едно криминализирано државно раководство предводено од Тачи се пазари со територијата на Косово за да се стекне со лична недопирливост. Ние ова не смееме и нема да го дозволиме, бидејќи имаме историска и морална обврска. Политичката ситуација бара од нас да ја зајакнеме организацијата и во наредните денови и недели ќе застанеме на чело на граѓанските мирни протести за да го запреме криминалот што се врши врз Косово и нашиот народ, рече лидерот на ВВ Албин Курти.
Ново на Сител
-
Спречени обиди за криумчарење на лекови, медицински игли, тутун, облека и обувки
-
Најмалку 66 загинати во пожарот во хотелот во турскиот ски-центар
-
ЕП го одобри Договорот за Фронтекс меѓу ЕУ и Србија
-
ЕУ одобри 60 милиони евра помош за Вооружените сили на Либан
-
Пристигнува револуцијата на доставата во Македонија!
-
Просечната нето плата во ноември 41.999 денари
-
Му кажале дека има 17.000 долари на сметка но за да ги подигне треба да внесе пари, 58-годишник измамен во Тетово
-
25-годишен радовишанец се обиде да ограби дом на 77-годишник